За намалување на насилствата

САД: Договорот со талибанците ќе почне да се спроведува вечерва

САД се подготвуваат да потпишат договор со талибанците по договорениот „период на намалување на насилството“ во Авганистан, соопшти денеска американскиот државен секретар Мајк Помпео.

„Кога (намалувањето на насилствата) ќе биде успешно спроведено, треба да следува потпишувањето на договорот меѓу САД и талибанците“, рече Помпео во соопштение објавено по неговата посета во Саудиска Арабија.

Тој рече дека се подготвуваат да го потпишат договорот на 29 февруари.

Висок авганистански службеник претходно го спомена истиот датум, кога рече дека потпишувањето на договорот ќе биде во главниот град на Катар, Доха, доколку се почитува намалувањето на насилството најавено од Американците и талибанците.

Седумдневното намалување на насилството меѓу САД и талибанците во Авганистан почнува в сабота, соопштија властите.

Делумното примирје, кое треба да стапи во сила на полноќ по локално време, означува важна фаза во 18-годишниот конфликт во Авганистан.

Во соопштението Помпео вели дека меѓуавганистанските разговори ќе почнат веднаш по потпишувањето на договорот на 29 февруари.

Тие ќе се потпираат на таа „основна етапа за да се дојде до целосен и траен прекин на огнот и иден политички план за Авганистан“, рече Помпео.

Помпео додава дека предизвиците остануваат, но дека досегашниот напредок дава надеж и претставува „вистинска шанса“ за мир.

„САД ги повикуваат сите Авганистанци да ја искористат оваа можност“, вели Помпео.

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе