САД до своите мисии во Мјанмар: Кој може нека ја напушти земјата

Американскиот Стејт департмент им нареди на вработените во дипломатската мисија во Мјанмар чие присуство не е неопходно да ја напуштат таа земја поради зголемувањето на насилството.

Фото: ЕПА

Во соопштението се наведува дека по воениот удар во Мјанмар, имало зголемување на насилството во многу делови на земјата.

Стејт департментот им нареди на членовите на американската дипломатска мисија чие присуство не е неопходно и на нивните семејства од денес да почнат да го напуштаат Мјанмар.

Во соопштението се наведува и дека предупредувањето да не се патува во таа земја сè уште е во сила и се апелира до американските граѓани да не патуваат во Мјанмар доколку не е неопходно.

Армијата на Мјанмар на 1 февруари годинава изврши државен удар и ја презеде власта во земјата под изговор дека изборите во ноември биле нерегуларни.

Војската прогласи едногодишна вонредна состојба и ги уапси владините лидери, вклучувајќи ја и лидерката на Мјанмар, Аунг Сан Су Кји.

Масовните протести против воениот удар почнаа на 6 февруари. Повеќе од 500 луѓе се убиени во насилните интервенции на војската за време на протестите.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе