Партнерство против Кина

САД, Британија и Австралија склучија нов пакт, Франција останува без 56 милијарди евра

Соединетите Американски Држави го објави формирањето на големо безбедносно партнерство со Австралија и Британија во зоната на Индо-Пацификот кое вклучува испорака на подморници на нуклеарен погон на Австралија.

EPA-EFE

Првата последица на тој пакт е што Австралија го прекина огромниот договор склучен со Франција за испорака на конвенционални подморници, што предизвика гнев на Париз.

Новиот пакт наречен Аукус се гледа како обид на земјите за здружување наспроти јакнењето на Кина.

Безбедносниот сојуз ќе дозволи поголема поделба на одбранбените капацитети вклучувајќи ја помошта за Австралија во опремување со подморници со нуклеарен погон.

„Првата голема иницијатива на Аукус ќе биде испорака на флота подморници на нуклеарен погон на Австралија“, кажа австралискиот премиер Скот Морисон на видео-конференција заедно со својот британски колега Борис Џонсон.

Со настанот синоќа претседаваше претседателот на САД Џо Бајден во Белата куќа.

Франција, на која со ова ѝ е прекинат договор од 90 милијарди австралиски долари (56 милијарди евра) за нејзината поморска индустрија веднаш ја осуди таа одлука наведувајќи дека е „за жалење“.

Во заедничкото соопштение на министерствата за одбрана и надворешни работи наведено е дека одлуката е спротивна на духот и договорите за соработка на Франција и Австралија.

Не е сигурно дали Париз ќе се утеши со помирливите зборови на Бајден кој синоќа кажа дека САД сакаат да соработуваат со Франција во таа стратегиска зона и дека Париз е клучен партнер на САД.

„Британија, Австралија и САД ќе бидат уште потесно поврзани што го одразува степенот на доверба меѓу нас и длабочината на нашето пријателство“, кажа Борис Џонсон.

Џонсон со овој договор може да си припише сигурен дипломатски успех во стратегијата на избегнување меѓународна изолација по брегзитот.

„Врз основа на нашата заедничка историја на поморски демократии, се вклучивме во заеднички потфат да ја поддржиме Австралија во набавката на подморници на нуклеарен погон“, наведуваат трите партнери во заедничко соопштение, каде што се прецизира дека станува збор за погон, а не за нуклеарно вооружување на подморниците.

Досега САД ја споделуваа оваа технологија на нуклеарен погон само со Британија, кажа претходно функционер на Белата куќа и додаде дека станува збор за фундаментална одлука со која САД, Австралија и Британија ќе бидат поврзани со генерации.

Пактот Аукус исто така предвидува соработка на трите земји околу сајбер одбраната, вештачката интелигенција и квантната технологија.

Нов Зеланд кој забранува влегување на бродови на нуклеарен погон во своите води од 1985 година објави дека новите подморници на нивниот сосед Австралија нема да бидат добредојдени кај нив.

Кина не е спомната во заедничкото соопштение на австралиските, американските и британските лидери во кое се зборува за „мирот и стабилноста во регионот на Индо-Пацификот“.

Но нема сомнеж дека новиот сојуз е наменет пред сè да се спротивстави на регионалните амбиции на Пекинг, наведува Франс прес.

Бајден постојано повторува од својот избор дека планира да ѝ се спротивстави на Кина, како и неговиот претходник Доналд Трамп, но на поинаков начин избегнувајќи билатерален конфликт.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе

Со само 48% вакцинирано население, недозволиви грешки на стручниот штаб за Ковид-19 и масовни протести против вакцинација, очигледно е дека кампањата за вакцинација во Словенија беше навистина неуспешна. 

повеќе