САД би можеле на Русија да ѝ воведат нови санкции, Москва најави жесток одговор

Кремљ порача дека ќе одговори на какви било нови нелегални американски санкции против Русија и предупреди дека нови мерки би ги намалиле шансите за средба на американскиот претседател Џо Бајден и рускиот претседател Владимир Путин.

EPA-EFE

Извори запознаени со тоа прашање за Ројтерс изјавиле дека САД би можеле уште денес да ги објават новите санкции против Русија поради наводното мешање во американските избори и сајбер нападите. Мета на новите санкции би требало да бидат неколку поединци и ентитети.

Кремљ ги отфрла американските тврдења за мешање во изборите во 2020 и дека стои зад хакерскиот напад врз компанијата Соларвиндс.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков кажа дека Москва ќе го причека развојот на настаните пред да ги коментира санкциите.

Тој додаде дека ставот на Кремљ околу тие мерки и одговорот на нив останува ист.

„Ја осудуваме секоја намера за воведување санкции, ги сметаме за нелегални, а во сите случаи ќе важи принципот на реципроцитет“, кажа Песков.

„Реципроцитет за нашите интереси да бидат обезбедени на секој можен начин“.

Истакна дека Русија не сака односите со Вашингтон да бидат „еден чекор напред, па два назад“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Критики за тоа дека треба да се слушаат критики од членови, зошто е разрешен Стојко Пауновски, зошто Максим Димитриевски не е член на Централен одбор, беа искажани на последниот конгрес на СДСМ кој се одржа во неделата.

повеќе

Владите ширум светот имаат тенденција да ги следат своите национални интереси, наместо да следат глобално координиран пристап.

повеќе

СКСМ - комора на иднината, САП системите - иднина на македонскиот бизнис.

повеќе