САД забележаа нов рекорд за 24 часа, над 65.000 новозаболени од коронавирус

Соединетите Држави во четвртокот забележаа нов рекорд во дневниот број на заразени со коронавирус, со 65.551 нов случај во изминатите 24 часа, според пресметката објавена од универзитетот Џон Хопкинс во 20:30 часот по локално време.

EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Вкупниот број заразени во земјата од избувнувањето на пандемијата сега е повеќе од 3.11 милиони. Претходниот рекорд беше остварен во вторникот, со повеќе од 60.200 нови случаи за еден ден.

Покрај речиси 10.000 нови случаи во Флорида, Калифорнија и Тексас пријавиле над 7.000 нови случаи.

Тенеси, Западна Вирџинија и Јута исто така бележат рекорди, а бројот на нови случаи се зголемува во 42 од 50 држави, покажа анализата на случаи на Ројтерс во последните две недели во споредба со две недели претходно.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/ERIK S. LESSER

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе