САД бараат состанок на Советот за безбедност за Венецуела, Русија смета дека нема потреба

Државниот секретар на САД Мајк Помпео побара состанок за Венецуела на Советот за безбедност на Обединетите нации во сабота претпладне, соопштија дипломатски извори.

Јужноафриканскиот амбасадор во светската организација Џери Матаџила им изјави на новинарите во седиштето на ОН во Њујорк дека Советот за безбедност ќе разгледа дали ситуацијата во Венецуела претставува закана за меѓународните мир и безбедност.

Претходно рускиот амбасадор во ОН Василиј Небензја им кажа на новинарите дека не смета дека е потребна средба на Советот за безбедност бидејќи станува збор за внатрешно прашање на Венецуела.

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера го призна претседателот на венецуелскиот конгрес Хуан Гуаидо за привремен претседател на земјата.

Претседателот Николас Мадуро поради тоа кажа дека ги прекинува дипломатските односи со САД и им наложи на сите американски дипломати да ја напуштат земјата во рок од 72 часа.

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе