„Ги повикуваме турските власти да ја сочуваат Аја Софија како музеј, како илустрација на нивната посветеност на почитувањето на културните традиции и богатата историја кои ја обликуваа турската република и да гарантираат дека ќе остане отворена за сите“, напиша Помпео.
Турскиот државен совет денес ќе го разгледува барањето на здруженијата кои бараат претворање на поранешната црква Аја Софија, која сега е музеј, во џамија.
„Соединетите Држави сметаат дека секоја промена на статусот на Аја Софија би претставувала ограничување на наследството на таа исклучителна градба“, додаде Помпео.
Портпаролот на турското министерство за надворешни работи Хами Аксој кажа дека Турција е изненадена од тие изјави и додаде дека „никој нема право со предупредувачки тон да им зборува за нивните суверени права“.
Аја Софија, истанбулската црква од 6 век, е впишана во листата на светското наследство на УНЕСКО. Црквата ја изградиле Византијците, а Османлиското Царство ја претворило во џамија, а во 1935 година да стане музеј.
Ердоган минатата година претворањето на Аја Софија во музеј го нарече „голема грешка“.