САД бараат од Саудијците да ја распуштат единицата одговорна за убиството на Кашоги

Соединетите Американски Држави побараа од Саудиска Арабија да ја распушти елитната саудиска единица блиска до принцот престолонаследник која веќе е санкционирана поради својата улога во убиството на новинарот Џамал Кашоги.

EPA-EFE

„Ја повикуваме Саудиска Арабија да ја распушти единицата и да внесе системски институциски реформи и контролни механизми за да престанат, и тоа целосно, активностите и операциите против дисидентите“, им кажа на новинарите портпаролот на американската дипломатија Нед Прајс.

Во извештајот на разузнавачките служби кој беше објавен минатиот петок, САД го обвинија фактичкиот владетел на Саудиска Арабија принцот Мухамед бин Салман дека го одобрил убиството на саудискиот новинар во 2018.

Сепак, Вашингтон не го санкционираше младиот лидер за да не ги загрози врските со Ријад.

Но затоа им воведе санкции на луѓето од неговото опкружување и на Силите за брзо дејствување, елитната единица која го штити, а обвинета е дека е одговорна за убиството.

На критиките за изостанок на казнени мерки против Мухамед бин Салман администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден кажа дека сака „да ги промени правилата“ во односите со Саудиска Арабија за такви убиства повеќе да не се случат.

Прајс истакна дека Вашингтон ќе биде „фокусиран на идното однесување на Саудиска Арабија“ по убиството на Кашоги.

Тој ги повика саудиските власти да прават повеќе на полето на човековите права. „Ја повикуваме Саудиска Арабија да донесе дополнителни мерки и да ја укине забраната за патувања“ за неодамна ослободените активисти, кажа Прајс.

Тој најави и дека идните продажби на оружје на Саудиска Арабија ќе се проценуваат врз основа на американските интереси и вредности.

Саудиската влада во петокот целосно го отфрли американскиот извештај во кој принцот престолонаследник се обвинува дека стои зад убиството.

Меѓу мерките кои САД ги преземаа во петокот е забрана за издавање визи на Саудијците за кои се верува дека се вмешани во убиството на Кашоги и санкции против други, вклучувајќи замрзнување на имотот во САД и забрана за американските компании да работат со нив.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе