САД бараат истрага за парадата во Бања Лука: „Нè загрижува величењето на воените злосторства“ (ВИДЕО)

Соединетите Американски Држави вчера ги повикаа властите на Босна и Херцеговина да ги истражат извештаите за величење на воените злосторства за време на прославата на годишнината на Република Српска и инцидентите насочени против повратниците во градовите од кои се избркани несрпските жители.

EPA-EFE

„Ги повикуваме надлежните власти веднаш да ги истражат тие инциденти и да се утврдат одговорните“, порача Стејт департментот во изјава.

„Соединетите Држави се длабоко загрижени од извештаите за говор на омраза, величење на воените злосторства и провокативните инциденти насочени против повратниците во ентитетот Република Српска за време на викендот“, се наведува.

Властите на РС во неделата во Бања Лука со воена парада го одбележаа 9 јануари, а српскиот член на Претседателството на БиХ Милорад Додик во таа пригода порача дека Република Српска е држава.

Во парадата учествуваа и припадници на обичната и специјалната полиција, а на посебно место беа осудени воени злосторници како Винко Надуревиќ, кого Меѓународниот суд за поранешна Југославија во САД го осуди на 13 години затвор поради злосторства против човештвото.

На свеченоста присуствуваа кинески и руски дипломати како и државници од Србија.

Во понеделникот ЕУ силно ја осуди негативната и запалива реторика која наводно ја користеле лидерите на Република Српска, јасно давајќи до знаење дека е спремна да воведе санкции.

Минатиот месец Вашингтон воведе санкции против лидерот на босанските Срби Милорад Додик.

БиХ минува низ најтешката криза од војната во 1990-тите, откако претходниот висок претставник на меѓународната заедница Валентин Инцко наметна закон со кој се забранува негирање на геноцидот, по што Република Српска реши да се повлече од заедничките институции.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе