Рутата на руско-турските патроли во Сирија скратена зашто „терористите користат цивили како живи штитови“

Руските и турските сили во сириската провинција Идлиб мораа да ја прекинат својата прва заедничка патролна мисија кратко време откако локалните екстремисти се обидоа да ја нарушат нивната работа, користејќи цивили како човечки штит, соопшти руската армија.

Денеска Турција и Русија тргнаа во заедничка патрола по безбедносниот коридор во Идлиб, што беше договорено како дел од договорот за прекин на огнот што го постигнаа претседателите Владимир Путин и Реџеп Теип Ердоган во почетокот на март.

Рутата на патролата поминува по стратегискиот автопат М4 што го поврзува сирискиот град Алепо со крајбрежната западна провинција Латакија и минува низ териториите што ги држат разни милитантни групи.

Сепак, руските и турските сили мораа да ја скратат својата мисија поради ризикот од уште една ескалација, бидејќи локалните терористички групи се обидувале да предизвикаат воена реакција од патролата додека користеле жени и деца како човечки штит.

„Руско-турскиот центар за координација одлучи да го скрати растојанието на трасата… за да се избегне каков било инцидент што може да резултира со цивилни страдања“, се вели во соопштението на руското Министерство за одбрана, и се додава дека на Турција ѝ било дадено повеќе време да ги расчисти екстремистите и да ја осигури безбедноста на натамошните заеднички мисии.

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе