Руското вселенско летало со роботот Федор слета на ИСС (ФОТО+ВИДЕО)

Руското вселенско летало Сојуз со хуманоидниот робот Федор слета на Меѓународната вселенска станица (ИСС).

Сојуз МС 14 слета на ИСС во 11:08 часот, објави руската вселенска агенција Роскосмос на својата страница.

Леталото беше лансирано во четвртокот од космодромот Бајконур во Казахстан.

Првиот обид за слетување во саботата беше неуспешен како резултат на проблеми со системот за автоматско слетување.

Роботот Федор треба да остане на станицата до 7 септември и да се обиде да им помага на астронаутите и да ги тестира своите способности.

Скајбот Ф-850 е прв хуманоиден робот лансиран во вселената од Русија.

НАСА го стори тоа во 2011 година, кога го испрати вселенското летало Робонаут 2.

Федор е голем како возрасен човек и може да имитира човечки движења.

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе