Прв хуманоиден робот во вселената

Руското вселенско летало не успеа да слета на Меѓународната вселенска станица

Руското вселенско летало Сојуз 2.1 со хуманоидниот робот Федор не успеа да слета на Меѓународната вселенска станица (ИСС), јавуваат руските новински агенции.

Роботот Скајбот Ф-850, познат како Федор, во рамки на двонеделна мисија, отпатува кон ИСС за да го поддржи екипажот и да ги тестира своите способности.

Слетувањето, првично закажано за 7 часот и 30 минути, било неуспешно поради проблеми со автоматскиот систем за слетување, пренесува руската новинска агенција Интерфакс, повикувајќи се на телевизијата на НАСА.

Леталото сега е на оддалеченост од 96 метри од станицата, а нов обид за слетување е планиран за понеделник наутро, пренесува РИА, повикувајќи се на рускиот центар за контрола на летот.

Скајбот Ф-850 е прв хуманоиден робот лансиран од Русија во вселената.

НАСА го стори тоа во 2011 година, кога го испрати вселенско летало Робонаут 2.

Федор е голем како возрасен човек и може да имитира човечки движења.

ИСС е заеднички проект на вселенските агенции на САД, Русија, ЕУ, Јапонија и Канада.

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе