Москва ѝ се јавила на Анкара

Руското воено воздухопловство изврши напад врз протурски милитанти кои ја напаѓале сириската војска (ВИДЕО)

Руските воздухопловни сили извршиле напад од воздух врз протурски милитанти во Идлиб кои ја гранатирале сириската војска, соопшти руското министерство за одбрана.

Милтантите, поддржани од Анкара, ги гаѓале позициите на сириската војска. Руското министерство додава дека протурските сили го прекинале нападот откако Москва воспоставила контакт со Анкара, пренесува Раша тудеј.

„Турција треба да сопре со поддршката на терористичките групи во сириската провинција Идлиб“, соопшти руското министерство за одбрана.

Осудувајќи ги воздушните напади на турските сили во кои беа повредени четири сириски војници, руската војска ја повика „турската страна повеќе да не ги поддржува акциите на терористичките групи и да им доставува оружје“.

Авиони Су-24 на руското воено воздухопловство го извршиле нападот врз терористите, што им овозможило на сириските трупи да ги одбијат сите напади, соопшти Центарот за помирување на завојуваните страни во Сирија.

„За да ги спречат бандите да се пробијат подлабоко во сириската територија, на барање на сириската команда авиони Су-24 на воздухопловните сили на Русија ги бомбардираа оружените формации на терористите кои се пробија. Тоа им овозможи на сириските трупи успешно да ги одбијат сите напади. Тие уништија еден терористички тенк, шест пешадиски оклопни возила и пет камионети со оружје со голем калибар“, се наведува во соопштението.

„Турската страна преку линијата за деескалација на конфликтот беше информирана дека руските средства за објективна контрола откриле артилериски оган од турските позиции врз позициите на сириската војска. Откако турската страна ги доби овие информации, нивниот артилериски оган прекина“, се наведува.

Владата во Дамаск, која контролира околу 70 отсто од територијата на Сирија, соопшти во неколку наврати дека е цврсто решена да ја поврати и контролата врз провинцијата Идлиб.

Информацијата дека коронавирусот може да се пренесe преку допир со готовина, дополнително ги мотивираше луѓето да се ослободат од банкнотите. 

повеќе

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе