Руското Министерство за одбрана: Терористичките упоришта во Идлиб се „споија“ со турските пунктови

Турција дозволи нејзините посматрачници, воспоставени во рамки на договорот со Москва од 2018 година практично да се спојат со терористичките бази во Идлиб, соопшти Министерството за одбрана на Русија, во време на турски напади против сириските сили.

„Утврдените области на терористите се споија со турските посматрачници распоредени според договорот во Сочи од 2018 година“, рано во средата изјави портпаролот на руското Министерство за одбрана генерал мајор Игор Конашенков, пренесе РТ.

„Нападите и масивниот артилериски оган врз соседните цивилни населби и на руската воздухопловна база кај Хмеимим од спорадични се претворија во дневни“, рече тој.

Европа и Соединетите Држави постојано го игнорираат неуспехот на Турција да се придржува кон договорот од 2018 година, продолжи портпаролот, изјавувајќи дека ниту „се заинтересирани за вистинската хуманитарна состојба во и околу Идлиб“.

„Сите официјални барања од Русија до ОН и западните земји - кои испорачаа хуманитарна помош преку турската граница и која не заврши кај бегалците, туку кај терористите - останаа неодговорени. Сè што слушнавме беа поплаки за неопходноста да се „зачува договорот од Сочи по секоја цена“, рече тој.

И покрај постојаните напади на цивили и јасните врски со познати терористички групи, западните медиуми ги претворија вооружените фракции на Идлиб во таканаречени „умерени“, рече портпаролот.

„Каде меѓу овие наводно ‘опозициски’ борци во зоната под контрола на Турците беше (Абу Мохамед) ал-Џулани - лидерот на Џабат ал Нусра, терористичка група официјално призната од страна на ООН - заедно со неговите речиси 20.000 убијци?“ праша тој.

„Со кликнување на прстите, сите терористи на Идлиб, наводно, станаа „претставници на умерената опозиција“ во западните медиуми. Сепак, не е јасно како шефот на ИСИС ал-Багдади неодамна беше „посочен“ и убиен, според САД, покрај сите овие „умерени“.

Тековните напади на Анкара врз сириската армија, како што напредуваат терористичките групи, претставуваат „кршење на меѓународното право“ и, сепак, поминаа крајно „незабележани од никого на Запад“, рече Конашенков, и покрај подоцнежната наводна посветеност кон „ред заснован на правила“.

За помалку од еден месец по олеснувањето на рестриктивните мерки, Косово се соочува со нагло зголемување на бројот на случаи со ковид-19, 

повеќе

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе