Руско предупредување до Источна Европа: Размислете за последиците од распоредување американска војска

Москва ги повика партнерите во Источна Европа да ги измерат ризиците и да размислат за последиците од распоредување американски војници на својата територија, изјави портпаролката на министерството за надворешни работи на Русија Марија Захарова.

EPA-EFE

„Во моментов зборуваме за појавување значителни контингенти на САД и нивните сојузници во Источна Европа – односно таму каде што нкогаш ги немало. И тоа, практично, на постојана основа. Тоа што таквото присуство се нарекува своевидна непрекината ротација апсолутно не ја менува суштината на нештата. Ваквите чекори, во случај на нивна реализација, ќе ја загрози одредбата утврдена со Основачкиот акт кој го потпишаа Русија и НАТО во 1997 година, а која пред сѐ се однесува на забрана за распоредување „значителни борбени сили во новите земји-членки на Алијансата“, потести Захарова.

Според неа, сето тоа укажува на намерата на САД и нивните сојузници во НАТО да продолжат да се придржуваат на политиката на создавање тензии вдолж линијата на контакт со Русија на штета на интересите на европската безбедност.

„Јасно е дека таквите провокативни намери нема да останат без соодветен одговор од руската страна. Тој факт треба да го имаат предвид и во престолнините на тие источноевропски земји, кои дење и ноќе размислуваат што би можеле да смислат во насока на русофобијата, поканувајќи ги американските војници. Им советуваме внимателно да ги одмерат ризиците и сериозно да размислат за последиците“, предупреди Захарова.

Претходно министерот за одбрана на САД Марк Еспер соопшти дека од Германија ќе бидат повлечени речиси 12.000 американски војници, од кои 6.400 ќе бидат вратени во САД, а останатите ќе бидат префрлени во други земји од НАТО, меѓу другите Италија и Белгија. Подоцна Америка соопшти дека ќе испрати во Полска дополнителни илјада војници, покрај 4.500 трупи кои веќе се наоѓаат таму.

Исто така, претходно беше соопштено дека Германија платила речиси милијарда евра за 10 години за разместувањето на американските војници. Се наведува дека расходите од 100 милиони евра годишно се само дел од вистинските трошоци.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе