Руските власти ја блокираа интернет страницата на Навални

Руската државна надзорна агенција за медиуми, Роскомнадзор, ја блокираше интернет страницата на затворениот руски опозициски политичар Алексеј Навални во рамки на сè поголемите притисоци врз медиумите и цивилните организации пред парламентарните избори на 19 септември во таа држава.

EPA-EFE

Фондацијата за борба против корупцијата (ФБК) на Навални објави на Твитер дека властите би можеле да ја блокираат и интернет страницата „Паметно гласање“.

Таа страница тимот на Навални ја направи пред септемвриските парламентарни избори, со цел да биде поразена владејачката партија Единствена Русија на претседателот Владимир Путин, пренесува Радио слободна Европа.

Роскомнадзор соопшти дека страницата е блокирана на 15 јули на барање на државното обвинителство.

Според официјалното објаснување, одлуката е донесена бидејќи интернет страницата „navalny.com“ наводно „содржела повици на масовни немири, екстремистички активности и учество во масовни (јавни) настани со кои се кршат утврдените прописи“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе