Хрватска потврди

Руските сили заробиле хрватски државјанин кој се борел на страната на Украина во Мариупол

Хрватски државјанин кој се борел на страната на Украина во Мариупол е заробен од руските сили, јавија хрватските медиуми денес.

EPA-EFE

Хрватското министерство за надворешни работи потврди дека „има сознанија за заробен хрватски државјанин“ и дека работи заедно со украинските власти за да ја реши ситуацијата.

Други детали не се објавени поради „чувствителноста на ситуацијата“.

Државната телевизија ХРТ извести дека хрватскиот државјанин се обидел да побегне од Мариупол со други украински борци, но дека го фатиле Русите.

Регионалната телевизија Н1 кажа дека веста за заробувањето на хрватскиот државјанин ја јавиле руски медиуми.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе