Руските регионални власти го поддржаа продолжувањето на Путиновото владеење

Сите 85 регионални парламенти во Русија гласаа во корист на уставните измени што ќе му овозможат на Владимир Путин уште една трка на претседателските избори во 2024 година, изјави денес рускиот пратеник Андреј Клишас, јави новинската агенција РИА.

Во јануари, Путин најави промена во руската политика и уставот, претставена како прераспределба на власта од претседателството на парламентот.

Владимир Путин (67), кој веќе две децении доминира во политиката на Русија како претседател или премиер, минатата недела во парламентот го поддржа амандманот со кој ќе може да се заобиколи сегашната уставна забрана и да се кандидира за уште еден мандат во 2024 година.

Двата дома на парламентот го поддржаа амандманот, како и повеќето регионални парламенти во четвртокот.

Пратеникот Андреј Клишас изјави денес дека сите руски регионални парламенти, 85 од нив, го поддржале амандманот.

„Горниот дом на рускиот парламент ги доби резултатите од гласањето на сите 85 регионални парламенти“, рече Клишас, пренесува РИА. „Сите го поддржаа тоа“, рече тој.

На пописот на 85 регии, исто така, се вклучени и двете кои се дел од Крим. Русија го анектираше во 2014 година.

Рускиот уставен суд сега мора да ги проучи уставните измени кои треба да бидат изгласани на изборите во април.

Вјачеслав Володин, претседател на долниот дом на рускиот парламент, во четвртокот им рече на пратениците да се соберат зад Владимир Путин и да се спротивстават, како тврди тој на „странската кампања која се обидува да ги дискредитира уставните реформи“.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе