Со дронови и проектили

Руските напади предизвикаа прекин на струјата низ цела Украина (ВИДЕО)

Руските сили повторно ги гаѓаа енергетските капацитети на Украина, оставајќи дел од Киев и други градови без струја и вода.

Фото: ЕПА

Експлозии се слушнаа утрово во главниот град и облаци чад се извиваа околу електраната во близина на реката Дњепар.

Струјата и водата беа прекинати во Житомир, западно од Киев, а два објекти беа тешко оштетени во Дњепар.

Последните напади се случија 24 часа откако Киев беше погоден од беспилотни летала „камикази“.

Беспилотните летала, за кои се верува дека се од иранско производство, убиле најмалку пет лица во главниот град и четворица во северниот град Суми и ја погодиле критичната инфраструктура, при што е забележан прекин на електричната енергија во стотици градови и села.

Претседателот Володимир Зеленски денеска на Твитер објави дека во изминатите осум дена „30 отсто од електраните во Украина се уништени, предизвикувајќи масовни прекини на струја низ целата земја“.

Русија во последниве недели ги засили нападите врз електричната инфраструктура во градовите далеку од првите линии на фронтот. Властите побрзаа да ја санираат штетата, но нападите, пред зимата, предизвикаа загриженост за тоа како ќе реагира системот.

Не беше веднаш јасно до кој степен денеска биле вклучени беспилотни летала, иако Украина соопшти дека руските бомбардери истрелале проектили и дека една противвоздушна ракета С-300 погодила станбена зграда во јужниот град Миколаев во текот на ноќта, при што загинало едно лице. Уништен е и цветниот пазар во градот.

По другите напади рано утрово, во Житомир, градоначалникот рече дека во градот нема струја ниту вода и дека болниците работат на генератори.

По нападите на централата во Киев без струја и вода останала областа Троешчина на брегот на реката Дњепар.

Снабдувањето со електрична енергија и вода било прекинато во централниот град Дњепар, каде што е уништен голем енергетски објект: властите соопштија дека уличното осветлување ќе биде исклучено. Бил гранатиран и североисточниот град Харков, а погодена е и инфраструктурата во јужниот град Запорожје, иако локалните власти соопштија дека никој не е повреден.

Во некои градови, Украинците купуваат генератори за струја и шпорети на гас, додека низ целата земја луѓето се повикани да ја намалат потрошувачката на енергија во шпицовите, вели Би-би-си. Некои градови веќе се соочуваат со постојан прекин на струја.

„Очекувавме дека Русија ќе ги интензивира нападите врз енергетската и цивилната инфраструктура и кон есента ќе ја засилат урбаната војна и еве сме токму со тоа сценарио“, изјави украинската пратеничка Лесија Василенко за Би-би-си.

По последните напади, и со проектили и со беспилотни летала, украинската влада повторно почна да повикува да ѝ бидат испорачани ракети за противвоздушна одбрана.

Претходно, САД соопштија дека се согласуваат со своите француски и британски сојузници дека снабдувањето со беспилотни летала од Иран ја прекршува резолуцијата на Советот за безбедност на ОН поврзана со нуклеарниот договор, со што се забранува трансфер на одредена воена технологија.

Украина ги идентификуваше беспилотните летала користени во смртоносните напади на Киев и Суми како беспилотни летала Шахед-136 (УАВ-и). Ведант Пател од американскиот Стејт департмент рече дека САД нема да се двоумат да користат санкции.

И Русија и Иран негираа дека се распоредени ирански беспилотни летала. ЕУ соопшти дека собира докази и дека е подготвена да дејствува.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе