Руските мерни станици за радијација изгасени по мистериозната експлозија

Четири руски станици за нуклеарен надзор кои детектираат радиоактивни честички во атмосферата по експлозијата на проектил на нуклеарен погон во објектот за тестирање проектили во северна Русија се изгасени, јави Си-ен-ен.

Експлозијата предизвика забуна и загриженост поради радиоактивното зрачење што го предизвика, а првично беше и криена од руските власти. Имено, руските извештаи во првите денови беа крајно противречни, а беа криени и клучни информации за природата и последиците од несреќата, јави Си-ен-ен.

Пет нуклеарни инженери загинаа во несреќата на 8 август за време на тестирањето на ракета на изотопен погон – нуклеарен погон – во близина на морскиот брег во рускиот арктички регион Архангелск.

„Нема радиоактивна контаминација“, кажа тогаш портпарол на гувернерот на регионот Архангелск. Потоа, руското Министерство за одбрана објави дека имало кратко локално зголемување на радиоактивноста. На крајот, метеоролошката агенција Росгидромет објави дека радиоактивноста се зголемила до 16 пати, иако само на околу еден час. Рускиот Гринпис тврди дека зрачењето пораснало дури 20 пати.

Во исто време, руските власти прво наредија, а потоа и ја откажаа планираната евакуација на селото Нионокс во близина на тајниот нуклеарен град Росов.

Американски официјални лица веруваат дека до несреќата дошло при лансирање на новата руска крстаречка ракета на нуклеарен погон ССЦ-Х-9 Скајфол, во Русија позната како Буревестник. Скајфол се нарекува меѓу членките на НАТО.

Рускиот претседател Владимир Путин минатата година се фалеше дека оваа ракета, која може да носи нуклеарна боева глава, е способна да избегне секаков систем на ракетна одбрана и дека „може да го достигне секое место на светот“. Таквиот „неограничен“ домет на Буревестник се верува дека се должи на малиот нуклеарен реактор како погон.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе