Руските медиуми: Од целиот свет пристигнаа нарачки за преку милијарда дози од вакцината

Рускиот фонд за директни инвестиции (РДИФ) досега од разни земји од светот добил барања за вкупно 1,2 милијарди дози од вакцината Спутник V која се користи за борба против новиот коронавирус, јавуваат денес руските медиуми.

EPA-EFE

„РДИФ доби барања за над 1,2 милијарди дози од вакцината Спутник за периодот 2020-2021. Повеќе од 50 земји од Европа, Азија, Блискиот Исток и Јужна Америка предадоа пријави“, кажа шефот на РДИМ Кирил Дмитриев.

Претходно РДИФ објави дека договори се постигнати со партнери во Мексико за снабдување 32 милиони дози, за Бразил до 50 милиони дози, за Индија 100 милиони дози, и за Непал 25 милиони дози.

„Гледаме голем интерес за вакцината од низа азиски држави. Во врска со тоа, РДИФ изразува подготвеност за снабдување со вакцината на други земји во регионот, бидејќи новата зараза со коронавирусот е наш заеднички непријател, кој може да се победи само со заеднички напори“, кажа Дмитриев.

Руската Спутник V е првата регистрирана вакцина против коронавирусот. Ја произведе институтот Гамалеи, а на 11 август доби потврда за регистрација од министерството за здравство на Руската Федерација.

Големите клинички истражувања, односно фазата 3 со најмалку 40.000 учесници, Русија ја почна на 26 август, но тестирањето сѐ уште не е завршено. Се очекува првите резултати од тие тестирања да бидат објавени во октомври или ноември.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе