Руските медиуми го објавија името на американскиот шпион од Москва и нови детали за него

Руските медиуми го објавија името на наводниот високопозициониран шпион кој САД го извекле од Русија од страв дека може да биде откриен.

Како што пренесува Би-би-си, руските медиуми наведуваат дека станува збор за Олег Смоленков, кој работел како клучен советник на рускиот претседател Владимир Путин. Според медиумските извештаи, официјален Кремљ наведува дека Смоленков не бил високопозициониран и дека бил отпуштен пред пет години и дека извештаите за неговото извлекување се измислица.

Си-ен-ен претходно објави дека ЦИА се плашела дека претседателот Доналд Трамп со „погрешно ракување“ со разузнавачките информации може да го загрози шпионот. Според американската агенција, извлекувањето следело откако Трамп во мај 2017 се сретна со руски функционери, вклучувајќи го шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, и во таа прилика неочекувано сподели со руската делегација разузнавачки податоци за ИСИС добиени од Израел.

ЦИА реагираше на текстот на Си-ен-ен со тврдење дека известувањето е „погрешно“ и „едноставно неточно“.

Њујорк тајмс, пак, наведува дека агентот бил клучен во 2016 година при донесувањето на заклучоците на американските разузнавачки агенции дека рускиот претседател Владимир Путин лични го оркестрирал руското мешање во американските претседателски избори. Меѓутоа, Њујорк тајмс наведува дека ЦИА сакала да го извлече агентот пред Трамп да ја преземе Белата куќа бидејќи истражувањата на медиумите го ставиле агентот во ризична ситуација и дека нема индикации дека претседателот Трамп директно го компромитирал тој извор на информации.

Си-ен-ен денес објави тврдење на еден свој извор кој работел за Трамп, во кое се тврди дека американскиот претседател повеќе пати го изразил своето противење на користењето шпиони во странство бидејќи со тоа им се штети на односите со други држави.

Руски Комерсант за Олег Смоленков пишува дека заминал со своето семејство на одмор во Црна Гора во 2017 и исчезнал. Како што пренсува Би-би-си, потоа човек со исто име и со истоимена сопруга купил куќа во американската држава Вирџинија во близина на главниот американски град Вашингтон.

Ен-би-си њуз без именување на агентот објави дека еден од нивните новинари ја посетил вчера куќата и открил дека човекот таму живее „отворено под своето вистинско име“.

Руските медиуми јавуваат дека Смоленков работел за Јуриј Ушаков, висок советник за надворешна политика на рускиот претседател Путин.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе