Руските лекари претпазливи кон својата вакцина, повеќето не би се вакцинирале со неа

Повеќето руски лекари не би се вакцинирале со новата руска вакцина против ковид-19, поради недостигот од сигурни податоци и невообичаено брзиот процес на одобрување, покажа денеска студија спроведена на 3.000 медицински работници.

Фото: ЕПА

Русија објави дека првата вакцина против коронавирусот во светот ќе биде подготвена за употреба кон крајот на август и дека лекарите ќе бидат меѓу првите што ќе ја примат, на доброволна основа.

Вакцината „Спутник V“, именувана по првиот сателит лансиран од Советскиот Сојуз во 1957 година, допрва треба да ја помине последната фаза на тестирање, а некои научници стравуваат дека Русија е спремна да ја жртвува безбедноста заради престиж.

Истражувањето во кое учествувале 3.040 лекари открило дека 52 проценти не се спремни да ја примат вакцината, а 24,4 проценти се согласиле да се вакцинираат, објави весникот РБЦ.

Само една петтина од испитаниците изјавиле дека вакцината би им ја препорачале на пациенти, колеги и пријатели.

Нивниот став го делат голем број Руси, кои велат дека се плашат да ја примат вакцината, додека други се согласуваат со владата дека скепсата од западните експерти е мотивирана од љубомора.

Руската вакцина ќе биде одобрена пред вообичаените испитувања на илјадници луѓе, позната како трета фаза. Оваа фаза е клучна за вакцината да добие зелено светло од регулаторот.

Рускиот претседател Владимир Путин тврди дека вакцината, која ја разви институтот Гамалеја во Москва, е безбедна и дека една од неговите ќерки веќе ја примила.

Министерот за здравство Михаил Мурашко ги отфрли критиките дека вакцината е небезбедна како „неосновани“.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да покаже демократски капацитети и зрелост очекувана од граѓаните

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе