Руските дипломати ја напуштија Бугарија

Руските дипломати, кои беа прогласени за непожелни личности во Бугарија, ја напуштија денес таа земја, јавува ТАСС, повикувајќи се на извори од руската амбасада во Софија.

Бугарските власти во петокот донесоа одлука за протерување на диоломати на руската амбасада во главниот град и службеник на Трговската мисија на таа земја во Бугарија поради наводно шпионирање и им беше даден рок од 48 часа да ја напуштат земјата.

Потоа, Москва порача дека го задржува правото на реципрочни мерки кон Бугарија, оценувајќи го потегот на Софија како непријателски и провокативен чекор кој е во спротивност со конструктивните односи традиционално засновани врз меѓусебно почитување.

Во соопштението на руското министерство за надворешни работи се истакнува дека бугарските власти не изнеле никакви јасни докази за одлуката да ги протераат руските дипломати.

ЕУ покажа дека не е во состојба да ги исполни ветувањата дадени пред скоро две децении во Солун и одлучи веќе да не се преправа.

повеќе

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе