ПО БАРАЊЕТО НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ПРАВДА

Рускиот Врховен суд ги забрани Јеховините сведоци

Рускиот Врховен суд денеска издаде одлука да се забранат Јеховините сведоци, откако Министерството за правда го повика да ја распушти оваа „екстремистичка организација“.

Судијата на Врховниот суд Јуриј Иваненко рече дека Русија одлучила да ги затвори „административниот центар на Јеховините сведоци и локалните организации под негова закрила и да ѝ го предаде нивниот имот на Руската Федерација“.

Одлуката доаѓа откако Министерството соопшти дека открило знаци на „екстремистичка активност“ во рамките на организацијата и побара таа да се забрани.

„Тие претставуваат закана за правата на луѓето, јавниот ред и јавната безбедност“, ја пренесоа руските новински агенции изјавата на претставничката на Министерството за правда Светлана Борисова.

Групата, која има 395 центри низ Русија, рече дека ќе поднесе жалба на одлуката.

„Шокиран сум“, рече за новинарите Јарослав Сивулски, кој го претставува административниот центар на групата.

„Не очекував дека тоа би било можно во модерна Русија, каде што уставот гарантира слобода на практикувањето религија“.

Јеховините сведоци на Русија во последниве години имаа неколку блиски средби со полицијата.

Во јануари претседателот на разгранокот на групата во градот Дзержинск беше казнет за тоа што дистрибуирал материјал за кој органите сметаат дека е екстремистички, објавија локалните медиуми.

Во 2004 година во Москва беше разбиен разгранок на Јеховините сведоци. Европскиот суд за човекови права во 2010 година пресуди дека со овој потег биле прекршени правата на слобода на религија и здружување.

Сите овие промашувања на Груевски имаат едно заедничко - дирекно ја загрозија државноста на Република Македонија.

повеќе

Во САД и во многу европски земји, просечните плати стагнираат, и покрај тоа што многу од економиите закрепнаа од финансиската криза од 2008 година.

повеќе

(Полемика: „Стратегија за прашањето на користење на уставното име на Република Македонија во ООН“, Игор Јанев, МКД.мк, 11 ноември 2017)

повеќе