Рускиот војник кој уби 8 колеги: Се закануваа дека ќе ме силуваат (ФОТО)

Рускиот војник, кој уби осум колеги на истокот на Русија минатиот месец, кажа дека реагирал на континуирано малтретирање и закани со силување, јавува Москоу тајмс.

Дваесетгодишниот Рамил Шамсутдинов беше уапсен на 25 октомври во воена база и беше обвинет за убиство.

Руското министерство за одбрана вината ја префрли на нервен слом, но подоцнежните информации упатуваат на наводно малтретирање во единицата во изолираниот град Горниј.

„Офицерите тој ден кажаа дека ќе ме силуваат“, изјави Шамсутдинов. „Знам дека тоа им го правеле на други пред мене, немаше излез. Ако таа вечер беше мојот ред, што требаше да направам?“

Неговиот татко Салимзан Самсутдинов кажа дека во базата имало непрекинато малтретирање кое неговиот син го фрлило преку работ.

Според него, младиот војник не жали за својата постапка.

„Жал ми, немав избор. Или тие ќе ме убиеја или јас нив“, му испрати тој на својот татко порака преку руските медиуми.

Додаде дека му е жал што случајно удрил двајца колеги, но дека за останатите ни малку не жали.

Наводно сѐ почнало кога надредените му го украле мобилниот телефон пред четири месеци, а физичкото насилство на прекинувало.

Во меѓувреме, шефот на групата „Офицери на Русија“ кажа дека системско малтретирање во војската не постои и ги обвини насилните видеоигри за чинот на Шамсутдинов.

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу исто така кажа дека малтретирањето повеќе не е системски проблем во руската војска.

„Нема повеќе место за малтретирање во војската“, кажа Шојгу.

Сепак, Гардијан пренесува дека локалниот портал 72.ру објавил дека командант во базата барал пари од војниците, ги присилувал да останат будни и ги малтретирал младите војници на разни начини.

Во руската јавност се отвори прашањето за системското малтретирање на младите војници кое потекнува од СССР.

„Дедовшчина“ е ритуализирано малтретирање на новајлиите, а вклучува тешко психичко и физичко малтретирање вклучувајќи полово вознемирување и силување.

Се сомнева дека токму оваа пракса е причина за бројните напуштања на воената служба, но из а самоубиствата.

Некои од случаите предизвикаа големи скандали. На еден војник во 2006 лекарите морале да му ги отстранат гениталиите откако колегите го претепале, а пијаниот командант го присилил да чучи со часови.

Регрутот од Челјабинск Руслан Аидерханов го силувале и мачеле неговите надредени. Данил Чалкин, кој бил спремен да сведочи против наводните извршители, бил најден застрелан во базата.

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе