Рускиот парламент одобри продолжување на договорот Нов СТАРТ за пет години

Рускиот парламент прифати петгодишно продолжување на Договорот за намалување на стратешкото вооружување (СТАРТ) со Соединетите Држави, кој треба да истече на 5 февруари.

Фото: ЕПА

Потпишан во 2010 година, СТАРТ е основа за глобалната контрола на оружјето и за ограничување на бројот на стратешките нуклеарни боеви глави, ракети и бомбардери што Русија и САД можат да ги употребат.

„Суштината е договорот да биде продолжен за пет години без измени“, им рече рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков на пратениците.

Рускиот претседател Владимир Путин се очекува да го потпише новиот закон, пренесува Ројтерс.

Рјабков изјави дека важноста на договорот официјално ќе биде продолжена кога Русија и САД ќе разменат дипломатски ноти, по завршувањето на сите домашни процедури.

„Продолжувањето на договорот беше постигнато според нашите услови“, рече Рјабков.

Рускиот претседател Владимир Путин го поздрави продолжувањето на договорот за контрола на нуклеарното оружје Нов СТАРТ, објави Кремљ. Сепак, портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков рече дека, и покрај „меѓусебното разбирање“ кога станува збор за продолжување на Договорот за стратешко офанзивно вооружување, засега не постојат услови Русија и САД да ги „ресетираат“ своите меѓусебни односи.

Продолжувањето на договорот е „несомнено чекор во вистинската насока“, рече Путин во видеообраќање на Форумот во Давос.

Тој исто така додаде дека постои ризик светскиот поредок да се промени „на непредвидлив и неконтролиран начин“.

Русија и Соединетите Држави во вторникот ги разменија документите потребни за продолжување на договорот, кој истекува за помалку од две недели.

Минатата недела, по стапувањето на функцијата, претседателот на САД Џозеф Бајден предложи петгодишно продолжување на договорот.

Новиот СТАРТ е последниот договор со кој Русија и Соединетите Држави меѓусебно се ограничуваат по прашањето на нуклеарно оружје.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе