Рускиот парламент едногласно ја поддржа Путиновата реформа на уставот

Долниот дом на рускиот парламент едногласно даде првична поддршка на далекусежните уставни измени предложени од претседателот Владимир Путин, за кои се смета дека се обид да го зајакне своето влијание по истекот на неговиот мандат.

Реформите, кои Путин ги претстави минатата недела, ги поддржаа сите 432 пратеници кои беа присутни. Никој не гласаше против ниту беше воздржан.

Думата е контролирана од владејачката партија Обединета Русија, која го поддржува претседателот Владимир Путин.

Според милењето на аналитичарите, уставните измени ќе му отворат простор на Путин да го задржи влијанието кога ќе му истече мандатот во 2024 година, иако тој викендов рече дека не ја поддржува советската практика на доживотни лидери.

Реформата предвидува намалување на широките претседателски овластувања и зајакнување на овластувањата на парламентот.

Путин сè уште не откри какви му се плановите откако ќе го напушти Кремљ.

Пред да станат закон, уставните амандмани мора да ги усвои долниот дом во уште две читања, а потоа и горниот дом и да ги разгледаат регионалните парламенти. На крајот, Путин мора да ги потпише.

Рускиот устав не е менуван од 1993 година, а Путин рече дека реформите треба да бидат ставени на референдум.

Време е да се почне да се размислува што може да значи тоа.

повеќе

Ако сте скијач или бордер, зима, планина, снег, сонце и чист воздух веднаш ве асоцираат на авантура и хедонизам. Физичка активност, радост и умствено опуштање.

повеќе

Која е логиката на Заев и СДСМ со вчерашниот протест што од сега се гледа дека ќе им биде и наративот за целата кампања?!

повеќе