Можно целосно закрепнување

Навални отпуштен од берлинската болница, го исмеа Путин на Инстаграм (ФОТО)

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални е отпуштен од болницата во Берлин како резултат на подобрувањето на неговата состојба. Тој минатиот месец беше пренесен во Германија со хеликоптер откако му се слоши на лет кон Москва.

Фото: Инстаграм

Состојбата на Навални е „доволно подобрена“ за тој да биде отпуштен од интензивна нега, соопшти клиниката Шарите, која го лекува, додавајќи дека лекарите веруваат дека „можно е целосно закрепнување“. Навални беше третиран во Шарите вкупно 32 дена, од кои 24 дена помина на интензивна нега.

Врз основа на напредокот и моменталната состојба на пациентот, лекарите веруваат дека е можно целосно закрепнување. Сепак, рано е да се проценат потенцијалните долгорочни ефекти од сериозното труење.

Навални сподели нова своја фотографија од клиниката, проследена со текстот.

„Владимир Путин до својот француски колега: 'Навални можел и самиот да го проголта отровот'." напиша Навални на Инстаграм, додавајќи: „Добра верзија. Мислам дека заслужува детална анализа. Јас зготвив новичок во кујната. Испив голтка во авионот. Паднав во кома. Пред тоа, се договорив со сопругата, пријателите и колегите дека ако Министерството за здравство инсистира да ме одведат на лекување во Германија, да не го дозволат тоа. Да умрам во болница во Омск и да завршам во мртовечницата во Омск, каде што ќе се утврди причината за смртта, „доволно живееше" - тоа е крајната цел на мојот лукав план. Но, Путин ме надигра. Тој едноставно не може да се измами. Така, јас, како будала, лежев во кома 18 дена, но не ја постигнав својата цел. Провокацијата не успеа!

View this post on Instagram

«Владимир Путин сообщил французскому коллеге: «Навальный мог сам проглотить этот яд». Хорошая версия. Считаю, что заслуживает самого пристального изучения. Сварил на кухне «Новичок». Тихо отхлебнул из фляжки в самолете. Впал в кому. До этого договорился с женой, друзьями и коллегами, что, если Минздрав будет настаивать, чтоб меня увезли лечить в Германию, они ни в коем случае не позволяли это сделать. Помереть в омской больнице и оказаться в омском морге, где установили бы причину смерти «пожил достаточно», - вот конечная цель моего хитрого плана. Но Путин меня переиграл. Его просто так не проведёшь. В итоге я, как дурак, пролежал в коме 18 дней, но своего не добился. Провокация не удалась!

A post shared by Алексей Навальный (@navalny) on

Легенда под Главна слика

Фото: Инстаграм

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе