Рускиот модул накратко ја дестабилизира Меѓународната вселенска станица

Меѓународната вселенска станица (ИСС) беше накратко дестабилизирана кога млазните погони на новопристигнатиот руски истражувачки модул „Наука“ ненамерно се вклучија неколку часа по доаѓањето.

Фото: скриншот

Според извештајот на американската вселенска агенција НАСА, седумте члена на екипажот на станицата, двајцата руски и тројцата астронаути на НАСА, како и јапонскиот и астронаутот од Европска вселенска агенција од Франција, во ниту еден момент не биле во непосредна опасност, пренесува Ројтерс .

НАСА на Твитер објави дека моторите на модулот почнале неочекувано да се палат вчера во 12.45 часот, поместувајќи ја станицата за 45 степени од положбата, а комуникацијата со екипажот на ИСС била прекината неколку минути за време на инцидентот, но тие реално не почувствувале никакво движење додека вселенската станица се навалувала половина степен во секунда, сѐ додека тимовите на Земјата не успеале да ја вратат контролата со активирање на потисникот на другиот модул.

Моторите на „Наука“ на крај биле исклучени, вселенската станица се стабилизирала и нејзината ориентација била вратена во нормала, а истрагата за причините за овој инцидент е во тек, објави НАСА.

Инцидентот ги принуди НАСА и Боинг барем до 3 август да го одложат пробниот лет на вселенското летало „Старлајнер“, кој беше закажан за денеска.

Рускиот повеќенаменски лабораториски модул „Наука“, по 14 години чекање на Земјата и осум дена орбитален лет, вчера пристигна на Меѓународната вселенска станица.

„Наука“ е првиот руски сегмент испратен до ИСС во последните 11 години, а пред него, во 2010 година, беше лансиран малиот истражувачки модул „Расвет“.

Легенда под Главна слика

Фото: скриншот

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе