Рускиот министер за надворешни работи: Нашиот однос со ЕУ е уништен

„Европската Унија го уништи својот однос со Москва“, изјави денес рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров по новите санкции на ЕУ против Москва.

EPA-EFE

„Не постојат односи со Европската Унија како организација. Целосната инфраструктура на тие односи е уништена од едностраните одлуки на Брисел“, кажа шефот на руската дипломатија при посетата на Кина.

Лавров додаде дека пристапот на руската надворешна политика на ниво на цела ЕУ исчезнал, а дека преостанале само одделни европски земји партнери водени од сопствените национални интереси. Министерот за надворешни работи често се жали на односот на ЕУ и Русија, но неговите последни коментари од Кина се особено остри.

„Една од последиците на агресивното дејствување на ЕУ е јакнењето на врските на Русија со Кина“, кажа Лавров на конференцијата за медиуми со својот кинески колега Ванг Ји.

Сепак, Лавров на Брисел му остави отворена врата истакнувајќи дека ако ЕУ направи позитивен чекор, Москва ќе одговори на истиот начин.

Брисел неодамна воведе низа нови санкции против Москва поради наводното труење на сега затворениот опозиционер Алексеј Навални, како и хакирањето на германскиот парламент во 2015 година.

Лавров беше во дводневна посета на јужна Кина. Кина вчера беше погодена од санкции на ЕУ поради наводното злоставување на ујгурското малцинство, што е првпат блокот да наметне рестриктивни мерки против Пекинг поради кршење на човековите права од масакрот на плоштадот Тјенанмен во 1989 година.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе