Рускиот министер за одбрана го обвини НАТО за антируска кампања

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу го обвини НАТО дека во текот на 2019 година ги засилил разузнавачките мисии на руските граници.

Шојгу на средба со рускиот претседател Владимир Путин кажа дека воздушното разузнавање е зголемено за третина во однос на 2018, пренесуваат руските агенции.

Копнените и поморски извидувачки мисии на НАТО се зголемени за 40 односно 24 отсто, кажа Шојгу, додавајќи дека „секоја година НАТО спроведува 40 вежби со очигледно антируски намери“.

Путин вчера кажа дека Русија ќе продолжи дека го развива своето хиперсонично интерконтинентално оружје, кое може да лета со брзина неколку пати поголема од брзината на звукот, и за кое засега нема ефикасна противракетна одбрана.

Се затвораат цркви, но се отвораат кладилници.

повеќе

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе