Рускиот министер ги обвини САД: Вие сте клучен дестабилизирачки фактор во светот

Сергеј Лавров, кој моментно работи како министер за надворешни работи на Русија, на денешната прес-конференција изјави дека агресивните потези на многу западни држави, пред се на САД, ја дестабилизираат светската политичка сцена, пренесува Тасс.

„Агресивната политика на одредени западни земји, а особено на нашите американски колеги, е клучен дестабилизирачки фактор чија цел е рушење на безбедносните структури воспоставени со меѓународните права што тие самите ги воспоставија“, нагласи рускиот министер.

„Ова го вклучува напуштањето на нуклеарниот договор од страна на САД, исценирано зголемување на тензиите во областа на Персискиот Залив, засилување на воените активности на НАТО долж руската граница како и создавање политика за приватизација на мултилатералните механизми кои го контролираат оружјето за масовно уништување“, додаде Лавров.

ЕУ покажа дека не е во состојба да ги исполни ветувањата дадени пред скоро две децении во Солун и одлучи веќе да не се преправа.

повеќе

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе