Реакција

Рускиот милијардер Дерипаска: САД наместо да се носат со новите предизвици продолжуваат со апсурдната претстава

Рускиот олигарх Олег Дерипаска се огласи по повод упадот на агенти на ФБИ во неговата вила во Вашингтон и кажа дека гледајќи сè што се случува во Америка, не може да не се чуди на американската администрација, која упорно го промовира митот за наводно мешање на Русите во претседателските избори во САД во 2016.

EPA-EFE

„Време е да го признаеме она што е очигледно: Трамп победи, нормално, тоа не го направи сам. Му помогна вашингтонскиот естаблишмент, кој толку го налути гласачкото тели што беа спремни да гласаат за кого било нов. И продолжуваат со повторување на истата стара приказна и денес наместо да се соочат со вистината дека американскиот долг е веќе речиси 30 трилиони долари, се случува тоа Кина (на сила или полудоброволно) повторно да се обедини со Тајван, создавајќи го Тихиот Океан делумно кинеска водена територија“, кажа Дерипаска.

Истакна дека примената на нуклеарната технологија во мирнодопски цели во Соединетите Држави е изгубена.

„Што значи дека ќе продолжат да согоруваат јаглен и гас, загадувајќи ја животната средина. Европа, исто така, не сака повеќе да се смрзнува оваа зима поради хорор-приказните на НАТО дека Русите доаѓаат. Наместо да се носат со овие предизвици, тие продолжуваат со оваа апсурдна претстава“, кажа Дерипаска.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе