Од Северен тек 1 и 2 во Балтичко Море

Рускиот гас мистериозно истекува од главните подводни гасоводи кон Европа

Европските земји денеска се обидуваат да го истражат необјаснетото истекување во два руски гасоводи што минуваат под Балтичко Море во близина на Шведска и Данска, инфраструктура во срцето на енергетската криза од руската инвазија на Украина.

Фото: ЕПА

Шведските поморски власти објавија предупредување за истекување на рускиот гас од гасоводот Северен тек 1 во шведските и данските територијални води, набргу откако беше откриено дека гас истекува и од Северен тек 2.

„Гасот истекува на две места од Северен тек 1. Едното е во шведската економска зона, а другото во данската. Тоа се две локации што се многу блиску една до друга“, изјави портпаролот на Шведската поморска управа за Ројтерс.

Гасот истекува североисточно од данскиот остров Борнхолм, изјави портпаролот. Причината за истекувањето засега е непозната.

„Ние внимателно следиме за да се осигуриме дека ниту еден брод нема да се приближи до местата каде што истекува гасот“, рече портпаролот.

Синоќа данските власти ги повикаа бродовите да се држат настрана од локацијата на истекување на гас југоисточно од Борнхолм, откако беше откриено дека гасот тече од гасоводот Северен тек 2 во Балтичко Море.

Обата гасоводи беа централни точки во ескалирачката енергетска војна меѓу Европа и Москва што ги потресе големите западни економии и ги зголеми цените на гасот, вели Ројтерс.

Поради спорот за војната во Украина, ниту еден од гасоводите не испумпуваше гас кон Европа во времето кога беа откриени истекувањата, но и двата сè уште содржеа гас под притисок. Инцидентите ќе ги попречат сите напори за стартување или рестартирање на кој било гасовод за комерцијални операции.

Газпром одбил да коментира за истекувањата.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе