Антонов Ан-124

„Рускиот џин“ тргна во спасување на аргентинската подморница

Телевизијата Тодо нотисијас објави дека кон Аргентина полетал руски авион „антонов“ кој ќе помогне во потрагата по исчезнатата воена подморница Сан Хуан.

Според описот, станува збор за најголемиот руски авион Ан-124. Телевизијата истакнува дека претседателите на Русија и Аргентина се договориле за координација на напорите во операциите за потрага и спасување.

Аргентинската телевизија јави дека министерството за вонредни ситуации на Русија ќе го испрати „најголемиот авион во светот“ „антонов“ за пружање помош во потрагата по најверојатно потонатата подморница.

Авионот „може да носи до 150 тони товар и да превезува возен парк, турбини за електроцентрали, па дури и јахти“. Според соопштението на аргентинската телевизија, во Аргентина би требало да пристигне и руска мини-подморница.

Претходно претседателот на Русија Владимир Путин во телефонски разговор со својот аргентински колега Маурисио Макри понуди помш во потрагата и спасувањето на исчезнатата подморница. Министрите на двете земји ќе ги координираат заедничките напори.

Во Аргентина веќе пристигна американскиот авион Ц-5 „галакси“ на НАСА за помош во потрагата. Во операцијата веќе учествуваат 30 транспортни средства од 11 земји кои соработуваат со аргентинските власти.

Аргентинската подморница „АРА Сан Хуан“ исчезна пред една недела со 44 члена на екипажот. Детектирани се различни сигнали и звуци, но беше потврдено дека тие на потекнуваат од подморницата.

Аргентинската морнарица соопшти дека во областа каде што исчезнала подморницата „се слушнало нешто слично на експлозија“.

На Водно навистина не му треба сега и жичарница нова да се гради.

повеќе

Неконтролираниот политички развој, кој создаде пет парламентарни партии на етничките Албанци, ја прави нестабилна политичката ситуација не само кај aлбанскиот блок, туку и на ниво на државата. 

повеќе

Програмата за реформа на управувањето со јавните финансии 2018-2021 се носи во екс-пост заробена држава каде тензиите помеѓу администрацијата, економските агенти, клиентите и општеството се големи.

повеќе