Рускиот амбасадор во ОН: Украинската „валкана бомба“ може да е закана за целата Земја

Русија синоќа пред Советот за безбедност на Обединетите нации изнесе обвинение дека Украина се подготвува да употреби „валкана бомба“, експлозивна направа која содржи радиоактивен материјал и поради тоа изрази загриженост на состанокот зад затворени врати.

EPA-EFE

„Поприлично сме задоволни бидејќи ја кренавме свесноста. Не ми пречи ако луѓето кажуваат дека Русија крева лажна тревога ако тоа не се случи бидејќи ова е грозна, грозна катастрофа која потенцијално ѝ се заканува на целата Земја“, кажа заменикот на рускиот амбасадор во ОН Дмитриј Полјански.

Русија го обвини Киев дека им наредил на две организации да произведат валкана бомба, но Москва не даде докази за тоа.

Рускиот амбасадор во ОН Василиј Небензја им испрати писмо на Обединетите нации во понеделникот во кое ги објаснува обвиненијата.

„Не видовме ниту слушнавме некакви нови докази“, кажа заменикот британски амбасадор во ОН Џејмс Кариуки, нарекувајќи ги „руски очигледни лажни обвинувања“.

„Ова е чисто дезинформирање кое многу пати претходно сме го виделе и би требало да престане“, додаде Кариуки.

Полјански на прашањето на новинарите за доказите со кои Русија ги поткрепува своите тврдења кажа дека станува збор за разузнавачки податоци кои ги споделила со Западот.

Меѓународната агенција за атомска енергија на ОН (ИАЕА) е подготвува во следните денови да испрати инспектори на две локации во Украина на барање на Киев, што изгледа како реакција на руските тврдења за валкана бомба.

Вчерашната расправа во Советот за безбедност беше првата од трите средби кои неделава ги побара Москва.

Русија побара денес Советот за безбедност да се извести за мандатот на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш според резолуцијата од 2015, со која беше потврден иранскиот нуклеарен договор. Москва тоа го побара откако Украина и западните сојузници ја обвинија Русија дека користи ирански дронови во Украина, што би било кршење на резолуцијата, и побараа истрага од Гутереш.

Советот утре треба да се сретне поради руските обвинувања дека во Украина постојат воени биолошки програми. Соединетите Американски Држави и западните земји ја обвинија Русија дека шири „пропаганда, дезинформации и бесмислици“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе