Договорено на самитот Бајден-Путин во Женева

Рускиот амбасадор денес се враќа во САД

Рускиот амбасадор во Вашингтон, кој во март беше вратен во својата земја на консултации, денес заминува во САД во согласност со неодамна постигнатиот договор на претседателот на Русија и САД, Владимир Путин и Џозеф Бајден.

EPA-EFE

Авионот со амбасадорот Анатоли Антонов полета од Москва утринава во 9:20 по локално време, јавија руските агенции.

„Имајќи ги предвид резултатите на средбата на двајцата претседатели, сметам на конструктивна работа со своите американски колеги на изградбата на односите на рамноправна и прагматична основа“, изјави Антонов пред да отпатува и додаде дека е оптимист.

Американскиот амбасадор во Русија Џон Саливен од своја страна изјави дека наскоро ќе се врати во Москва.

Враќањето на амбасадорите беше договорено на самитот Бајден-Путин во Женева.

Дипломатските односи на Москва и Вашингтон брзо се влошија по доаѓањето на власт на Џо Бајден во јануари. Американските власти ја обвинија Русија за низа хакерски напади и мешање во американските избори.

Руските власти потоа во март го повикаа својот амбасадор во САД на консултации, откако Бајден го нарече Путин „убиец“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе

(Овој труд беше презентиран на конференцијата „Геноцидот и неговата превенција во дигиталното доба: предизвици на 21 век“, 19- 23 јули, Барселона, Шпанија.)

повеќе

Во законодавниот дом е блокирано донесувањето на дваесетина закони преку илјадници амандмани поднесени од страна на опозицијата.

повеќе