Руски војници на белоруската граница со Полска и Литванија

Руски противвоздушни ракетни единици во зона што во последните месеци беше невралгична точка во односите меѓу Минск и ЕУ.

Фото: ЕПА

Дипломатските, воените и економските односи меѓу Белорусија и Руската Федерација ги загрижуваат европските земји и САД, кои се обидуваат со санкции да го урнат режимот на Александар Лукашенко. Затоа, посебно внимание предизвикаа саботните вести на белоруското Министерство за одбрана дека руски противвоздушни ракетни единици пристигнале во Белорусија со цел да формираат центар за обука во Гродно, град во близина на границата со Полска и Литванија. Оваа граница во последните месеци стана невралгична точка во односите меѓу Белорусија и ЕУ. До неодамна, илегалните мигранти од Ирак ја минуваа белоруско-литванската граница, а сега десетици Авганистанци се „фатени“ на ничија земја на полско-белоруската граница, бидејќи Полска не сака да ги прими.

Белоруското Министерство за одбрана на социјалните мрежи објави дека одлуката за формирање заеднички воени центри на руски и белоруски војници била договорена на разговорите на воените претставници во март во Москва. Министерството, исто така, објави дека очекува во Белорусија на 3 септември да пристигнат руски борбени авиони Су-30СМ. Бројот на авионите и бројот на распоредените војници не се откриваат.

Литванија и Полска се две земји од соседството на Белорусија што се истакнаа како поддршка на опозицијата, која не ги признава резултатите од претседателските избори од август минатата година. Во Полска постои група БИПОЛ, составена од поранешни белоруски безбедносни лица, кои активно работат на соборување на Лукашенко. Властите во Минск поднесоа тужба против нив за организирање терористички напад, кој беше спречен. Во Литванија е седиштето на поранешната кандидатка на изборите, Светлана Тихановскаја, а Вилнус стана центар на европската кампања против официјален Минск.

Затоа, овој потег на руската и белоруската војска сигурно ќе ги зголеми тензиите меѓу Белорусија и нејзините соседи, кои директно ги обвинува за мешање во внатрешните работи на земјата.

Засега не е познато дали пристигнувањето на оваа руска ракетна единица е дел од заедничките руско-белоруски вежби „Запад 2021“, кои треба да се одржат од 10 до 16 септември на полигоните за обука во Русија и Белорусија. Во јули рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу рече дека маневрите на Русија и Белорусија „Запад 2021“ се од исклучиво одбранбен карактер.

Началникот на Генералштабот на вооружените сили на Белорусија и прв заменик-министер за одбрана, Виктор Гулевич, изјави дека за овие маневри било земено предвид влошувањето на воено-политичките односи, што може да доведе до дестабилизација во регионот и можна агресија против Сојузната држава Белорусија и Руската Федерација. За време на вежбата, воените регрути ќе разработуваат задачи за сузбивање илегални вооружени формации и групи за саботажа и извидување, извршување борбени задачи со единици и воени единици на копнените сили, како и подготовка и изведување одбрана на населени места.

Западните медиуми во овие активности гледаат реализација на најавата на белорускиот претседател од пред еден месец дека нема да се двоуми да повика руски војници доколку е потребно. Тој рече дека засега не е потребно и дека Белорусија се справила со немирите без никаква помош од другите сили, како и дека може да собере околу 500.000 луѓе за краток временски период.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе