Руски војници истакнале српско знаме во Италија на годишнината од НАТО бомбардирањето (ВИДЕО)

Рускиот хуманитарен конвој кој пристигна во италијански Бергамо е составен од експерти на руското министерство за одбрана, заедно со огромна опрема, а беше придружуван од руски спрецијалци и италијански карабињери.

Меѓу експертите има вирусолози, епидемиолози и научници кои директно учествувале во сузбивањето на африканската свинска треска и работеле на развивањето вакцина против еболата.

Меѓутоа, руските медиуми јавуваат дека Русите на својот конвој истакнале српско знаме, во знак на солидарност со српскиот народ, кој беше мета на НАТО бомбардирање.

Италија е една од земјите-основачки на НАТО пактот, а од италијанско-американската воздухопловна база во Авијано, која се наоѓа токму на северот на Италија, полетаа поголемиот број авиони на НАТО при бомбардирањето на СР Југославија.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе