Руски воен авион пролетал на 20 метри од шведски, Швеѓаните протестираат (ФОТО)

Шведска соопшти дека го повикале рускиот амбасадор Виктор Татаринцев во знак на протест поради неодамнешната блиска средба во која учествувале шведски разузнавачки и руски борбен авион.

Шведската војска во петокот соопшти дека руски сухој Су-27 поминал на помалку од 20 метри од шведски разузнавачки авион кој се наоѓал во меѓународниот воздушен простор над Балтичкото Море.

Амбасадорот Татаринцев се сретнал со шефот на одделот за европска безбедност на шведското министерство за надворешни работи Јулиус Лијестром.

Тој на рускиот амбасадор му го пренел ставот дека Шведска тврдид ека „руските пилоти се однесувале безобѕирно и непрофесионално и со тоа ја загрозиле безбедноста на летот, и дека, во најлош случај, можеле да предизвикаат сериозна воздухопловна несреќа“.

Шведска смета дека разузнавачкиот авион имал право да лета во меѓународниот простор.

Министерот за одбрана на Шведска Петер Хулквист исто така ги критикуваше потезите на руските пилоти, а шведската војска објави и фотографија од инцидентот кој се случил минатиот вторник.

Шведска не е членка на НАТО, но од 1994 година соработува со Алијансата во рамки на програмата Партнерство за мир, и учествува во операциите на НАТО во Авганистан.

Напредокот и оптимизмот што ги обележаа децениите по 2. Светска војна се гледаа во создавањето на средната класа, составена од луѓе што, иако родени во куќи со земјени подови, завршија со факултетски дипломи и добри работни места во големите градови. Поседуваа автомобили и викендички, летуваа на море и патуваа во странство без визи.

повеќе

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе