Руски владин авион доби придружба од швајцарски борбени авиони, но како знак на гостопримство (ВИДЕО)

Руските државни функционери и новинари, кои се наоѓале во владиниот авион на пат кон Франција за средбата на претседателите Владимир Путин и Емануел Макрон, добиле неочекувана придружба.

Како што јавува Раша тудеј, за време на прелетувањето над Швајцарија, покрај опашката на владиниот авион ненадејно се појавиле борбени авиони. Станувало збор за швајцарски воени авиони кои биле кренати во воздух да ја испратат руската делегација, но како знак на гостопримство.

Швајцарските авиони ја следеле руската делегација околу пет минути, колку што рускиот владин авион летал над швајцарската територија.

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе