Доби три и пол години затвор

Руски тинејџер си заклал другар поради видеоигра, 27 убодни рани (ВИДЕО)

Тинејџер од Русија е осуден на три и пол години затвор поради брутално убиство на свој врсник, кого го убил зашто овој го победил во видеоигра.

Васја Турда, 15-годишник од местото Нижњаја Апша во округот Архангел, го викнал другарот Васја Поп во својата куќа за да му покаже нов софтвер.

Неколку часа подоцна, Поп бил пронајден мртов. На неговото тело откриени се 27 рани од убод со нож. Телото го нашла бабата на Турда.

„Имаше 27 убоди за рани. Главата му беше речиси отсечена, а вратот прережан од уво до уво“, рече таткото на жртвата, Михаил Поп. Патолозите откриле дека телото на 15-годишното момче било измачено.

Полицијата верува дека меѓу двајцата тинејџери дошло до расправија бидејќи Поп бил подобар од Турда во видеоиграта. Турда потоа го убодел со нож, по што Поп успеал да избега од собата, но Турда го стигнал и го бодел до смрт. На полициските фотографии се гледа дека куќата била полни со траги од крв.

Турда е син на богатиот руски претприемач Василиј. Семејството живее во Нижњаја Апша, едно од најбогатите села во Русија.

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе

Сè повеќе се зборува за диверзификација на приходите, наместо фаворизирање само еден извор на финансирање.

повеќе