Руски „сухој“ прелетал во непосредна близина на брод на НАТО во Балтикот (ВИДЕО)

Руски бомбардер сухој Су-24 бил снимен како прелетува блиску до шпански носач на авиони кој учествува во воена вежба на НАТО во Балтикот, јавува шпанската телевизија Антена 3.

На снимката се гледа руски сухој Су-24 во низок лет во близина на бродот Хуан Карлос Први, повеќенаменски носач на шпанската воена флота.

Видеото е снимено од палубата на шпанскиот брод кој бил дел од вежбата БАЛТОПС на НАТО, која се одржа од 9 до 21 јуни.

И понатаму се чекаат соопштенија на руското министерство за одбрана и НАТО, но министерот за одбрана на Шпанија изјави дека прелетувањето на рускиот бомбардер не е сфатено „ни како инцидент, ни како провокација“.

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе