Руски суд организацијата на Навални ја прогласи за екстремистичка

Руски суд ја забрани организацијата на опозиционерот Алексеј Навални, оценувајќи ја како незаконска и прогласувајќи ја за екстремистичка.

EPA-EFE

Пресудата стапува на сила веднаш и ги спречува луѓето поврзани со Фондацијата за борба против корупцијата, која ја основа Навални, но со распространета мрежа на регионални канцеларии низ Русија, кога било да вршат јавна функција.

Многу сојузници на Навални се надеваа дека ќе можат да се кандидираат за пратенички места на изборите на 19 септември.

Ознаката „екстремизам“ со себе носи и долги затворски казни за активистите кои работеле во организацијата, сите донатори, па дури и оние кои само делеле промотивни материјали.

„Препознато е дека организацијата не само што доброволно ширела информации кои поттикнуваат омраза и непријателство кон претставници на власта, туку и извршила и екстремистички злосторства и престапи“, наведе судот.

Тимот на Навални веднаш реагираше и порача дека нема да се повлече.

„Ќе се снајдеме, ќе еволуираме, ќе се прилагодиме. Но нема да отстапиме од своите цели и своите идеи. Ова е наша земја и немаме друга“.

Алексеј Навални е најголемиот критичар на рускиот претседател Владимир Путин, и во јануари беше уапсен на московски аеродром при враќањето од Германија, каде што се лекуваше од наводно труење.

Навални во февруари беше осуден на затворска казна од две години и осум месеци затвор, која ја издржува во колонија 200 километри оддалечена од Москва. Тој повеќе пати се жалеше на условите во затворот и истакна дека чуварите го мачат со постојано будење и проверки на ќелијата.

Во еден момент штрајкуваше со глад бидејќи не му беше дозволена посета на лекар.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе