Во рамки на воена вежба

Руски стратегиски бомбардери распоредени во близина на Алјаска

Руската војска соопшти денес дека два стратегиски бомбардери опремени за носење нуклеарно оружје се испратени во областа Чукотка, во близина на Алјаска, во рамки на воздухопловна воена вежба.

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека стратегиските бомбардери тупољев Ту-160 прелетале околу 7.000 километри од нивната база во близина на градот Саратов на југозападот на Русија во градот Анадир во областа Чукотка.

Руското министерство наведе дека тие бомбардери за првпат полетале за Чукотка која Беринговиот мореуз ја дели од Алјаска.

Во истата воздухопловна воена вежба учествувале и стратегиски бомбардери тупољев Ту-95, се наведува во соопштението.

На 20 јануари 2019 владата на САД веќе цел месец е делумно блокирана поради инсистирањето на Трамп да добие 5,7 милијарди долари од Конгресот за финансирање на неговиот расистички и средновековен пограничен ѕид.

повеќе

Луѓето се љубопитни суштества, колку и да го одрекуваат тоа.

повеќе

Институциите пристапуваат кон барањата на информации од јавен карактер со одреден сомнеж.

повеќе