Според локален весник

Руски шпиони глумеле водоводџии во Давос, вели швајцарската полиција

Звучи како сценарио на филм: полицијата во Давос, Швајцарија, верува дека руски шпиони неделава се обиделе да се инфилтрираат на Светскиот економски форум претставувајќи се како водоводџии, велат еден локален весник и Фајненшл тајмс.

Сомнежот најпрво се појавил кога полицијата во август испрашувала двајца Руси, откако била „предупредена за нивниот невообичаено долг престој“ во затскриеното алпско луксузно одморалиште, според ФТ.

Мажите рекле дека имаат дипломатска заштита, но воопшто не биле регистрирани како официјални дипломати, а полицијата, наводно, се сомнева дека тие всушност биле таму за да ги озвучат објектите околу Давос, за да можат да ги шпионираат приватните разговори меѓу влијателните гости на форумот и да го известат Кремљ.

Мажите на крајот извадиле дипломатски пасоши и ја напуштиле земјата. Сепак, некои детали остануваат нејасни.

Русија негира дека постоела таква шпионажа. Претставник на руската амбасада во Швајцарија за Си-ен-би-си рекол дека швајцарските власти никогаш не контактирале со амбасадата за наводната шема и вели дека приказната едноставно е „уште еден обид за поткопување на швајцарско-руските односи“.

Претставникот, исто така, посочува дека вестите што се објавуваат за инцидентот не укажуваат дека мажите биле уапсени или прогласени за виновни за нешто. Ројтерс забележува дека веста потекнува од швајцарски весник, но дека швајцарската полиција не ги потврдила деталите како тоа дека тие глумеле водоводџии: „Точно е дека проверивме двајца руски државјани во Давос и тие се идентификуваа со дипломатски пасоши, но не можевме да утврдиме никаква причина да ги задржиме“, рече портпаролот на полицијата.

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе