Руски шпион работел во кабинетот на францускиот министер за одбрана

Шпион во служба на Русија работел во кабинетот на министерот за одбрана на Франција во 2017 година, рече поранешниот директор на француската надворешна разузнавачка служба (ДГСЕ), Бернар Бажоле, во репортажа емитувана во неделата вечерта на телевизијата Франс 5.

Фото: ЕПА

Запрашан за шпионот во служба на Русија што работел во кабинетот на тогашниот министер за одбрана Жан-Ив Ле Дријан, кој сега е шеф на дипломатијата, Бажоле рече дека ова се точни информации и дека им ги предал на тогашните извршни власти.

Бажоле беше интервјуиран во извештај посветен на рускиот претседател Владимир Путин.

„Во минатите години знаевме да кажеме дека сето тоа заврши по студената војна и дека повеќе не треба да губиме време на шпиони што веќе не постојат, туку приоритет е борбата против тероризмот. Сепак, шпионските активности не престанаа“, рече тој, додавајќи дека таквите активности продолжуваат да ги спроведуваат Русија, Кина и САД.

Информацијата за рускиот шпион ја пренесе француската медиумска куќа Медијапар пред неколку години. Според Медијапар, шпион на руската воена разузнавачка служба (ГРУ) бил уфрлен во кабинетот на Ле Дриан, додека тој бил министер за одбрана за време на претседателот Франсоа Оланд.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе