Руски пратеник што учествува на мировните преговори со Киев изјави дека Русија треба да размисли за смртна казна за, како што рече, националистичките борци од украинскиот полк Азов.
Во дебатата во долниот дом на рускиот парламент, откако борците во украинската фабрика за челик Азовстал се предадоа, пратеникот Леонид Слуцки рече дека иако Русија има мораториум на смртната казна, треба „внимателно да се размисли“ да се воведе смртна казна за борците во Азов, пренесува Ројтерс.
„Тие не заслужуваат да живеат по монструозните злосторства против човештвото што ги направија и кои постојано се вршат врз нашите затвореници“, рече тој.