Руски пратеник предложи да се киднапира министер за одбрана на НАТО во Украина (ВИДЕО)

Рускиот политичар Олег Морозов предложи да се киднапира министер за одбрана на НАТО во Украина и да се доведе Москва на испрашување за тоа какви „наредби" му дава Западот на Киев, јавува Ројтерс.

Фото: ЕПА

Морозов првпат бил избран во рускиот парламент во 1993 година и е член на доминантната партија Единствена Русија. Тој рече дека снабдувањето на Украина со западно оружје претставува директна закана за Русија и дека може да бара од Москва да ги преиспита своите воени цели.

„Знаете, можеби тоа е фантастичен заговор што го подготвувам... дека во блиска иднина, во некоја фаза, министер за војна на некоја земја на НАТО ќе оди со воз во Киев за да разговара со Зеленски. Но, тој нема да стигне таму. И ќе се разбуди некаде во Москва“, рече Морозов на државната телевизија Росија-1 доцна во понеделникот.

„Мислите да го киднапираме?“, праша телевизиската водителка на програмата 60 минути Олга Скабеева.

„Да. И тогаш ќе видиме кој каква наредба дал, кој за што точно е одговорен. Не е слика од бајка... Сега има нови правила во светот. Нека размислат малку сите тие воени министри што се собираат во Киев за тоа како би било да се разбудат во Москва“, рече тој.

Ниту Морозов ниту Скабеева не биле достапни за коментар.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе